Гео Гас производство и испорака на јаглероден диоксид

Сув мраз

Сув мраз или поточно CO₂ во цврста агрегатна состојба, се добива при експанзија на течниот јаглерод диоксид во околина, на атмосверски притисок. За времетраењето на тој процес половина од течниот CO₂ се претвора во гас, додека другата половина се претвора во таканаречен снег. Овој снег се компримира од страна на високопритисна хидраулична преса создавајки мраз. 

Dry Ice
cropped-banner-943866_1920.jpg

  Гео Гас произведува сув мраз во пелети со димензија од: 3, 9 и 16 милиметри, кој што е наменет за мали локални клиенти, и за големи компании.

Индустриско чистење

Дополнителна предност е и индустриското чистење на површини со пескарење со Сув мраз. При кое се овозможува чистење на повеќе предмети без потреба на одвојување и демонтажа. Може да се користи за чистење на механички и електрични делови без опасности од оштетување на површината или опасност од предизвикување на пожар. Се користи исто и за отстранување на најразлични загадувачи како: масла, биофилмови, бои и други средства.

Производство на храна

Сувиот мраз представува минерален природен продукт, кој што е бес мирис, и бес вкус, не е запалив, и е идеален за употреба во индустријата за производство на храна.

Транспорт

Гео Гас сув мраз прехрамбена индустрија

Сувиот мраз има многу ниска температура: од – 78.5  °С и со самото тоа има до три пати поголема ладилна моќ од обичниот воден мраз. Исто така Сувиот мраз создава бактериостатска околина, со што обезбедува поголем квалитет на оладените производи, и ги заштитува од оксидација. Оваа карактеристика на сувиот мраз му овозможува да најде широка примена во транспортот на храна и разни други лабараториски и медицински елементи.

Транспорт и складирање

Сувиот мраз се транспортира и чува  во специјални термоизолациони контејнери, во кои што дневната загуба од чувањето во истите е 5 – 8% од количината на Сувиот мраз. Гео Гас ги има во расположливи големини со капацитет од 35, 40 и 100 килограми.