производство на СО2 
  |   EnglishDeutschМакедонски јазик

Што претставува СО2

Јаглероден диоксид (СО2) е безбоен гас, без мирис, со пријатно слабокисел вкус. Не е токсичен, не гори и не помага во горењето. Јаглеродниот диоксид во гасна фаза се одликува со поголема тежина во однос на воздухот, релативната густина му е 1,5 (воздух = 1). Од овие својства на јаглеродниот диоксид се причина тој да се употребува за противпожарна заштита. Јаглеродниот диоксид малку се раствора во вода при што реагира со неа образувајки јаглеродна киселина. Таа е непостојана и се разложува во вода. Поради тоа, јаглеродниот диоксид се употребува во газирани и освежителни пијалоци.

Јаглеродниот циклус

Растенијата го користат јаглеродниот диоксид од воздухот, трансформирајќи го во органски материи, а при тоа ослободувајќи кислород. Животните и луѓето го користат кислородот во процесот на дишење, при што ослободуваат јаглероден диоксид. Овој процес се одвива постојано и е основа за животот на Земјата.
Јаглеродниот диоксид се создава од различни извори, меѓу кои се: вулкански ерупции, разградувањето на органската материја, од процесот на дишење кај живите организми ,од согорување на фосилни горива како и од природни подземни извори. Исто така тој се произведува и од ферментацијата на некои микроорганизми и од клеточното дишење. Растенијата го користат јаглеродниот диоксид при фотосинтезата, користејќи го притоа и кислородот за да синтетизираат јаглехидрати. По ова, растенијата испуштаат кислород во атмосферата, кој е исклучително важен за респирацијата кај хетеротрофните организми, притоа формирајќи циклус. Јаглеродниот диоксид го има во мали концентрации во атмосферата. Тој е главна состојка на јаглеродниот циклус.

Намена

Јаглеродниот диоксид наога широка намена во сите свои агрегатни состојби: цврста, гасна и течна агрегатна состојба. Најатрактивна намена во поново време е Сувиот мраз кој како продукт од јаглеродниот диоксид во црврста агрегатна состојба е на -78,8°С која е неколку пати пониска од температурата на обичниот мраз од вода, кој се користи за одржување на температура во разни ладилници за храна. Во областа на медицината, сувиот мраз го користат хирурзите за транспорт на крв и органи како и во присуство на некои специјални операции. Јаглеродниот диоксит се користи исто така во многу форми на забава како театарски чад и магла кои се користат во филмската индустрија, театри, концерти, тематски паркови, специјални емисии па дури и забави за да се создадат специјални ефекти. Како што расте технологијата, ќе има повеќе начини да откриете што друго може да направи јаглеродот диоксид.

Широка намена

Претпазливост

Концентрацијата на јаглеродниот диксид во воздухот може да доведе до намалување на количината на кислородот, и гушење на лицата кои се наогаат во тој простор. Допирот на течниот јаглероден диоксид и неговата пареа со кожата создава помрзнатини, кои како последици се слични на изгорениците.

EnglishDeutschМакедонски јазик

Geo Gas DOOEL Skopje © 2021, All Rights Reserved

Designed and developed by Keis Info Sistemi