Побарај понуда за CO2

Купете CO2 во цилиндри, батерии или цистерни – Изработката на понуда не се наплаќа. Барањето ќе Ви одземе 2 минути.

Време за нарачка:


Со цел да можеме секоја нарачка за сув мраз да ја подготвиме и испратиме навремено, истата треба да се направи најмалку 48 часа пред испорака, од Понеделник до Петок во периодот од 08 до 16 часот вклучително и за нарачки коишто би биле со достава во тек на викендот. Нарачките ќе се примаат на ист начин како и досега, а во блиска иднина истите ќе можете да ги правите и преку нашиот веб сајт, за што дополнително ќе ве информираме.

Минимална количина за нарачка е 10 килограми.



Испорака за време на викенд: 


Во случај на нарачка надвор од пропишаниот период, односно, нарачка од ден за ден и нарачка доставена во Сабота а за испорака во Недела, цената на сувиот мраз ќе биде зголемена во однос на редовната цена по која клиентот го набавува сувиот мраз од ГЕО ГАС ДООЕЛ. Причина за зголемување на цената на нарачка за сув мраз доставена на принцип ден за ден и испорака во Недела за нарачка направена во Сабота е фактот што истата не е дел од планираната количина за производство во период од 48 часа и за опслужување на клиентите се прави дополнително производство кое засега работна сила, трошок за електрична енергија како и амортизација

на производствените капацитети.


 

Обезбедување на соодветна амбалажа:


Доколку немате кутија, можете да купите од нас по цена од 3.000 денари + 18% ДДВ. За користење кутија наем од Геогас, тогаш сте должни истата да ја вратите во рок од 3 дена по извршената достава. Во случај да не ја вратите кутијата во договорениот рок, тогаш ќе се фактурира лежарина во износ од 120 МКД + 18% ДДВ по ден. Максималниот рок за враќање на наша кутија е 30 дена. По истекот на овој рок, ГЕО ГАС ДООЕЛ го задржува правото на клиентот да му ја фактурира целосната вредност на кутијата.